Халили за ТВ 24: Најголемата стратешка грешка во образованието е што се воведе средно задолжително образование
Арбен Халили член на Комора на Северозападна Македонија во емисијата 24 анализа истакна дека никогаш не се знае и не може да очекуваме кога е вистинскиот момент за зголемување на платите.
- Ако државата беше посветена да им помогне на наставниците требаше тоа постепено да го направи во изминатите 30 години. Наставникот требаше да биде на прво место заедно со ученикот. Се почнува од основното образование. Најголемата стратешка грешка во образованието е што се воведе средно задолжително образование. Тука се изгубија луѓе што можеа да учат занает, а присилно државата ги тера да завршат средно. Требаше многу порано да сек ренат наставниците на штрајк, зошто владата многу пати имаше потпишано колективни договори кои не ги истера до крај.- рече Халили.