Халанд го постигна својот 35. гол во Премиер лигата во сезоната и постави рекорд
Ерлинг Халанд го постави рекордот за најмногу постигнати голови во една сезона во Премиер лигата.
Напаѓачот на Манчестер сити, го погоди голот на Вест Хем во 70. минута (3:0) од презакажаниот натпревар од 28. коло.
Вкупно 22-годишниот Норвежанец има 35 првенствени голови. Тој ги надмина Енди Кол (1993/94) и Алан Ширер (1994/95), кои постигнаа 34 голови во лигата.
Последниот играч кој постигнал повеќе голови во една сезона во првата лига на Англија е Рон Дејвис, постигнувајќи 37 голови во 1966/67 година. з