Хакиран системот на Фондот за здравство

Хакиран е системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). По вчерашните провeрки, утврдено е дека се работи за неовластен влез во компјутерскиот систем на ФЗО. Во серверите на ФЗО се личните податоци на сите здравствено осигурени лица во Македонија. 

од ФЗО вчера известиле дека се работи за технички проблем на серверите и дека се работи на дијагностицирање на проблемот.

Системот служи за граѓаните да можат да го проверат своето здравствено осигурување, изборот на матичен лекар, додека самите вработени во здравството преку него можат да ги проверуваат информациите за своите пациенти и други услуги.