Хајредини: Во време на криза не е време за нови давачки, туку владата треба да почне да штеди

Да се дига толкава прашина со такви најави и популизам за да се соберат 54 милиони евра во буџетот, што е само еден процент од расходите во буџетот е нелогично и непотребно смета поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини во разговор за ТВ 24.

Хајредини апелира дека во време на криза не е време за нови давачки туку владата треба да почне да штеди.