Хаџиу: ДУИ, Арсовска и Левица го враќаат Ќосето, игнорирајќи ги реалните потреби на граѓаните

Фериде Хаџиу од коалицијата ВЛЕН го критикуваше враќањето на споменикот на Андон Лазов-Ќосето.

- Блерим Беџети од Европскиот фронт, кој некогаш го критикуваше Али Ахмети, сега е директен извршител на враќањето на ваквите споменици, во соработка со најнеуспешната градоначалничка Данела Арсовска и советниците од антизападната опција Левица. -ДУИ е подготвена да прави коалиција со било кој за да ја спаси својата кожа од одговорност, рече Хаџиу.