КФОР утринава со ново засилување на силите на мостот на Ибар
На главниот мост на Ибар во Косовска Митровица утрово повторно се присутни засилени сили на италијанскиот КФОР, припадници на единицата за разбивање демонстрации.
Како што јавуваат српските медиуми, зголеменото присуство на КФОР е поради редовна вежба која треба да се одржи претпладне.
Мостот на Ибар којшто според претходните најави од страна на приштинските власти требаше да се отвори за сообраќај на 1 септември, деновиве беше обезбедуван од кордон на италијански карабинери од единицата за разбивање демонстрации, како и возила на КФОР.