Кескоски за Студио 10: Министерскиот совет на ОБСЕ е голем настан кој треба да донесе афирмација за државата
Професорот по безбедност Златко Кескоски во емисијата Студио 10 рече дека организацијата за министерсткиот самиот во ОБСЕ рече дека ова е мега настан и најголем кој го организира Македонија.
- Претходно имало неколку самити во помал формат. Ова е предизвик за безбедносните служби и целата администрација вклучена во ваков мега настан. Во начинот на безбедноста не се вклучени само тие, туку и голем број други административни капацитети. Македонија нема инфраструктура која би можела да ги поддржи ваквите мега настани. Логистиката е огромен предизвик. Прогласувањето на неработен ден е од аспект на движењето на луѓето и обезбедување на вработени во администрација кои треба да бидат ангажирани во овој процес. Од протоколарен и безбедносен аспект. Односите меѓу Истокот и Западот има свои предизвици, особено во поглед на присуството на Блинкен и Лавров. Имаме спој кој првпат се случува после самите ООН каде овие две делегации севкрстуваат. Ова е голем настан кој треба да донесе и афирмација за државата. - рече Кескоски.