Кекеновски: Одделното чествување на Свети Кирил и Методиј е резултат на политичките односи со Бугарија

Одделното чествување на Свети Кирил и Методиј е резултат на политичките односи со Бугарија која постапува спротивно на она што го говори за европските вредности, вели професорот Јове Кекеновски откако македонската и бугарската државна делегација после четири години заедничко чествување годинава ја напуштија нововоспоставената традиција.

Доколку продолжи агресијата на бугарија насочена кон нашата самобитност, вели Кекеновски тогаш подобро е сесловенските просветители секој сам да ги чествува на начин на кој што мисли дека треба да го прави тоа.