Казнети 196 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Вкупно 196 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акцијата на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава.

Како што соопшти МВР, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, 108 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението.