Кавраков и Садиковиќ за „Студио 10“: Потребна е национална стратегија за туризмот во Македонија

„Потребна е национална стратегија за туризмот во Македонија. Институциите паднаа на испитот во последниве 10 години. Скопје стана град со сосема некоја друга туристичка слика. Значајни историски локалитети тонат во ѓубре. Како туристички водичи мораме да ги избегнуваме овие места за да не им покажеме на туристите колку не се грижиме за градот. Еден од двата најубави аквадукти е препуштен и  заборавен. Пред избори сите спомнуваат промени и ветуваат. Институциите потклекнаа. Градот мора да се одржува, мора да биде функционален. Укажуваме на сите вие проблеми со кои ние секојдневно се среќаваме и сите креваат раменции, сите не се одговорни. Се надеваме дека во идниот период дека ќе се средат работите.“ - велат за „Студио 10“ Димитар Кавраков, претседател на макеоднската асоцијалција на туристички водичи и придружници, Елвир Садиковиќ потпретседател на макеоднската асоцијалција на туристички водичи и придружници.