Каума: Северна Македонија демострираше успешна дипломатија со соседите

Граѓаните во Северна Македонија изградија успешно мултиетничко општество, а државата демонстрираше успешна дипломатија со своите соседи и најдобро ја разбира важноста на позитивниот ангажман во ОБСЕ, рече во своето обраќање претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Пиа Каума, на отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.

- Суровоста и страдањата на украинскиот народ се во фокусот на нашето внимание. Не смееме да останеме слепи при очигледната агресија и некоректното насилство на Русија врз Украина. ОБСЕ се соочува со повеќе предизвици. Регионалниот развој, како што рече, не може да биде загарантиран без мир и стабилност. Исто така, и Централната Азија ја има нашата континуирана внимателност, со оглед на тоа што регионот се соочува со криза, по терористичкиот напад што почна на 7 октомври, и ова секако има огромно влијание врз останатите држави. Соработката со земјите членки ја покажува ефективноста на нашата работа. Ќе продолжиме со поддршката кон Украина и ќе работиме заедно за инзаоѓање на решение за создавање мир и стабилност. - рече Каума.