Катица Јанева во Шутка, истрагата за „Рекет“ продолжува
Foto

Катица Јанева во Шутка, истрагата за „Рекет“ продолжува

По првото преноќување во истражниот затвор, специјалната обвинителка Катица Јанева од Шутка утрово со полициско обезбедување беше пренесена до Гевгелија. Од погребот на нејзината мајка, Јанева е вратена зад решетки, а адвокатот тврди дека сериозно и е влошено здравјето.

Јанева не е сместена во реновираните хашки соби, туку во обична ќелија, за да не дојде до контакт со останатите осомничени од „Рекет“, велат од затворот. Нејзиниот адвокат Стеван Павлевски веќе ја подготвува жалбата до Кривичниот совет. Ќе бара што побрзо Јанева да излезе од притвор. Тој тврди дека шефицата на СЈО е жртва во овој случај.

„Ја подготвувам жалбата рокот е да ја испратам до вечерва до 21 часот. Мојот клиент е со навистина нарушено здравје и од претходно, затоа и собирам повеќе документи кои се надевам Советот ќе ги земе сериозно во предвид.“ - вели адвокатот Стеван Павлевски.

Како аргумент за нарушенота здравствена состојба, ќе се најде и боледувањето кое Јанева го отвори по оставката, а беше потпишано од директорката на психијатриската болница-Негорци, чиј сопруг е вработен во СЈО. По апсењето на шефицата, колегите денеска продолжија да ги застапуваат тековните предмети во суд. Но, таму токму статусот осомничена на Јанева е аргумент за кој адвокатите бараат нејзинот изземање. Пред камерите јавно се обрати само обвинителката Фатиме Фетаи која порача:

„Евентуалната кривична одговорност на еден од обвинителите на СЈО, не смее да биде изговор, односно оправдување за да се заборави целокупниот криминал којшто беше направен во нашата држава во последниов период, тоа да се заборави и ние да ја запреме нашата борба. Тимот на СЈО е во целост посветен на борбата за правда и ние продолжуваме со она што е наша работа, застапување на предмети во судница.“

Во меѓувреме, истрагата Рекет продолжува, се вештачат документите и податоците, но и се прегледува и запленетиот мебел од нејзиниот дом.Русковска најави можност за проширување.

Од обвинителството се категорични дека не бил вграден шпионски уред во гарнитурата која ја добила од Боки 13 и велат тоа се само шпекулации. Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба.

Според нејзината колешка Вилма Русковска, овозможила Боки 13, Зоран Кичеец да ќарат еден ипол милион евра од Орце Камчев, а за себе мебел вреден 5000 евра. За сметка на ова, под влијание на Јовановски, прифатила бизнисменот Камчев да му биде олеснета позицијата на осомничен во истрагата „Империја“.

0 Коментари

Остави коментари