Катерина Зајковска се очекува денес да биде утврдена како предлог за член на ДКСК до Собранието

Катерина Зајковска, кандидатка за член на ДКСК денес според најавите од комисијата за избори и именување би требало да биде констаирана како предлог за  кандидат на комсија до Собранието.

Таа би дошла на местото на Цвета Ристовска која си понденсе оставка по скандалот со финансирањето на партиите  на претседателските избори на кои работеле фирмите на нејзините деца. Зајковска добила најмногу поени од комсијата, но нејзиниот интегритет го оспори Левица од каде искажаа сомнежи дека Зајковска која работи токму во Антикорупциска комисија во секторот за финансирање на политичките партии е дел од мрежата на ристевска.