Катастрофален пожар во ноќен клуб во Банкок

Триесетина лица загинаа, а десетина се во критична состојба откако пожар зафати бар во познат кварт во Бангкок.

Над 60 лица се однесени во болница со изгореници. Пожарникарите затекнаа ужасна сцена, а посетителите бегаа низ влезната врата зафатена од пламен. Според сведоци, пожарот почнал во близина на сцената и брзо се проширил.

Очевидец

„Огнот беше многу, многу силен. Многу се обидуваа да излезат, надвор, но не успееја сите да излезат, останаа внатре“. 

Според премиерот на Тајланд, повеќето тела беа пронајдени во тоалетите. Официјалната причина за пожарот е сè уште под истрага.

Анутин Чарнвиракул – премиер на Тајланд

„Ми рекоа дека пожарот почнал од прекинувач и дека сè се случило многу брзо потоа. Имало експлозии и сите се обидувале да избегаат од чадот и пламенот. Многу луѓе не можеле да излезат бидејќи избегале во задниот дел од зградата, обидувајќи се да се оддалечат од чадот и пламенот во тоалетите. Таму ги пронајдовме повеќето тела“.

Првичните истраги сугерираат дека повеќето од жртвите починале од вдишување чад. Сепак, според властите, се потребни дополнителни форензички тестови за официјално да се потврди ова. Ова не е прв ваков инцидент во Тајланд. И покрај ветувањата на властите дека ќе ги заострат стандардите за противпожарна и електрична безбедност по претходните несреќи, нивното спроведување во пракса не се реализира.