Касами за ТВ 24: Докажавме дека се што е во интерес на државата, ќе разговараме, но без ДУИ во владата

Билал Касами градоначалник на Тетово од движењето Беса вели дека за уставни измени не треба да се гласа во владата. Да се биде дел од владата и не размислуваат и не веруваат дека владата нема капацитет се додека ДУИ е во неа.

- Докажавме дека се што е во интерес на државата, ќе разговараме. Ние како движење Беса, за да се придонесе не треба да се биде во владата. Цениме дека еднаш во име на тие интереси, направивме голем чекор кој во владата не беше оценет како што очекувавме. - рече Касами.