Касами: Обвинителството на Јовески успеа да ги прикрие сите траги на криминал во државата
Тоа што интерпелацијата за јавниот обвинител Љубомир Јовевски сѐ уште не е ставена во собраниска процедура е резултат на вешта игра и тактизирање од претседателот Талат Џафери, вели првиот човек на движењето Беса во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Очекува судска завршница за пожарот во модуларната болница и казна и одговорност за вистинските сторители.