Касами: Не само грбот туку и химната треба да се менува, а албанскиот јазик треба да влезе во Уставот

Не само грбот туку и химната треба да се менува, а албанскиот јазик треба да влезе во Уставот - ова е ставот но и пакетот за кој Вреди ќе разговара со Христијан Мицкоски. Ова денеска во изјава за медиумите  го изнесе и Биљал Касами кој додаде дека како што рече ова биле европски вредности во кои влегува и унапредувањето на албанскиот јазик.

- Сакаме да го отсликаме новото време, а тоа е Македонија да биде дел од европското семејство. „Ќе бевме подготвени да разговараме за пакет каде што секако ќе се разгледуваше грбот, прашањето за химната, но и прашањето за другите уставни измени поврзани со унапредувањето на албанските права или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во уставот, како јазик на 20 отсто“. - Касами.

Лидерот на опозициската СДСМ пак Венко Филипче посочи дека не гледа потреба од менување на гработ бидејќи ја одразува државата во целост, но исто така и јавно праша што доколку во опвој пакет на преговори влегува и промената на химната и други барања за кои како што рече не би дале поддршка.

Премиерот Христијан Мицкоски пак вчера во изјава за медиумите одговарајќи на прашање дали има договор за промена на државниот грб само посочи дека тоа не е нова идеја и дека постопи уште од времето кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беа во влада. Но не прецизираше за целиот пакет за кој денеска излегоа ВРЕДИ и освен грбот спомнуваат иницијатива за промена на химната и унапредување на албанскиот јазик и уставни измени .

Дали ова ќе биде една од темите  во пресрет и на локалните избори откако се актуелизира во јавноста останува да се види иако веќе на големо се прават внатрепартиски и внатре коалициски анкети за кандидатите за градоначалници и советници. Денеска пак на брифингот со новинарите Филипче посочи дека на почетокот на март веќе ќе излезат со првични информации и имиња иако рече дека не ја исклучува можноста и за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини доколку се постигне согласност за кандидатите и најави посебни коалиции во различни општини доколку се постигне согласност за тоа.