Карлос Алкараз експресно во четвртфиналето на Индијан велс
Карлос Алкараз без никакви проблеми се пласира меѓу осумте најдобри на мастерс-турнирот во Индијан Велс (САД), откако ноќеска неговиот противник Џек Дрејпер му го предаде мечот во ситуација кога Шпанецот водеше со 6-2, 2-0.
Ова значи дека младиот тенисер дојде на само три чекори до соборување на Новак Ѓоковиќ од врвот на АТП-листата, најмногу поради фактот што на Србинот не му беше дозволен влез во САД, а со тоа и настап на силните турнири во Индијан Велс и во Мајами.
Следен противник на Алкараз ќе биде Канаѓанецот Фелис Оже-Алиасим, кој претходно го совлада Томи Пол спасувајќи дури шест меч-топки во тој дуел.