Каратистите на Работнички најуспешни на државниот шампионат во Енбу
На МТКФ државниот шампионат во енбу одржан викендот во Скопје најуспешни беа каратистите од Работнички.
Во категоријата кадети – сениори мешано најдобри беа:
1.Работнички 1 (Матеј Мангаровски и Камелија Недев)
2.Работнички 5 (Матеј Мангаровски и Матеј Јарчевски)
3.Работнички 7 (Георги Кокорманов и Андреј Трпков)
3.Скопје 5 (Александар Зафировски и Андреј Мишиќ).
Победници во категорија деца 11-13 год се Работнички 2 (Филип Недев и Георги Кокорманов).
Најуспешни во категорија деца 8-10 години машки беа Работнички 4 (Михаил Стојановски и Тадеј Недев).
Победници кај деца 8-10 години мешано се Работнички 3 (Магдалена Марија Митова и Тадеј Недев).

