Каракашев за ТВ24: Потребен е закон за одредување најниска откупна цена

Во време кога надлежното Министерство за земјоделство подготвува нов модел за субвенционирање на земјоделците, тие не се повикани да го кажат своето мислење и да дадат свои предллози. Од Националната мрежа за земјоделство за ТВ 24,  велат дека потребно е да се направи закон за одредување на најниска откупна цена , под која трговците не можат да одат. Само на тој начин земјоделецот ќе биде осигуран дека ќе му се исплати да ја обавува својата дејност.