Каракачанов: Вратете ги коските на Гоце Делчев во Бугарија

Во изјава за бугарскиот медиум БГНЕС, Красимир Каракачанов вели дека ако Македонија не го слави соодветно Делчев, да се вратат неговите останки во Бугарија.

- Преговорите за членство на Македонија во ЕУ треба да се прекинат на 2 години, се додека сакаат да се блокира историската комисија! Ова се наведува во официјален став на бугарската партија ВМРО, испратен до медиумите. А ако службениците во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека му ги вратат коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува! - кажа Каракачанов за БГНЕС.