Каракачанов: Вакцините не ги даваме на соседи, туку на сонародници

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, во интервју за бугарската телевизија БНТ денеска изјави дека најавената донација на вакцини за Македонија од Бугарија не е за соседи, туку за сонародници кои живеат надвор од Европската Унија.

- Бугарија е држава на сите бугари. Ние имаме сонародници кои живеат во државите надвор од ЕУ. тие се бугарски граѓани. кога ние ги признаваме за бугари треба да им дадеме можност да им се помогне“, рече Каракачанов.