Каракачанов: Бугарија не стави вето, туку постави критириуми
Foto

Каракачанов: Бугарија не стави вето, туку постави критириуми

Бугарија не стави вето, туку постави критириуми според кои треба да се спроведе првата меѓувладина конференција, изјави вицепремиерот во владата на Бојко Борисов, Красимир Каракачанов.

Бугарскиот министер за одбрана, кој исто така беше дел од емисијата на Канал 77, вели дека софија е подготвена за конструктивни разговори.

„Три години и три месеци договорот не се исполнува. Ниту комисијата работи, ниту е отстранет говорот на омраза. Нашата поддршка не може да биде безусловна. Кога Република Македонија ќе биде спремна на конструктивен договор, ние сме спремни. Какво добрососедство, кога во последниот период во македонија има 15.000 негативни статии за Бугарија“ , вели Каракачанов.

0 Коментари

Остави коментари