Капацитетите се полнат, 25 пациенти заболени од ковид 19 во моментов се лекуваат во охридската болница
Foto

Капацитетите се полнат, 25 пациенти заболени од ковид 19 во моментов се лекуваат во охридската болница

18 позитивни граѓани на ковид 19 се лекуваат во моментов на охридското инфективно одделение, 6 од нив се приклучени на кислородна поддршка.

Иако бројката на пациенти секојдневно се зголемува директорот Горан Балевски вели болницата добро се справува со ситуацијата предизвикана од вирусот. 

Поголем дел од досега хоспитализираните и лекувани пациенти се од Струга.

Министерот Филипче при денешната посета на охридската болница потенцираше дека како и досега така и во иднина нема да се дозволи ниту еден пациент навреме да не ја добие здравствената помош. 

Ризикот од нов пораст на бројките на заболени во регионот летово е голем  со оглед дека и сега а и идниот период туристичките центри се местата со најголема фреквенција на луѓе, но најава за рестриктивни мерки и ограничени движења за ваквите места се уште нема.

0 Коментари

Остави коментари