Канзуров: Михајлов не е хитлерист и фашист - фашизмот се употребува за да се залепи етикета на бугарскиот народ

„Името на Ванчо Михајлов се злоупотребува. Тоа не значи дека треба да биде оценуван објективно. Не е хитлерист и фашист, а фашизмот се употребува за да се залепи етикета на целиот бугарски народ. И кога во 2000 година се направи обид да се отвори здружението „Радко“ истото се случи, власта не го дозволи тоа. Фашизмот се лепи на целиот бугарски народ, и сето тоа многу личи на пропагандата на Путин“ - вели новинарот Виктор Канзуров во Студио 10 на ТВ24.

Канзуров смета дека „и Ванчо Михајлов имал грешки, но тој имал соработка со структури во Европа, за реализирање на неговата цел - слободна и независна Македонија. Во периодот кога ВМРО е забрането во Бугарија неговите идеолошки конкуренти, кои биле левичари, биле на позиции дека Македонците се Бугари, ако е виновен Михајлов, тогаш треба да се виновни и Димитар Влахов, Арсени Јовков, Павел Шатев...“