Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител

На иницијатива на Кумановско-Осоговската епархија денеска во манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка ќе се изврши канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител.

Со канонизацијата, Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител ќе се вброи во диптихот на светите.

Според информациите од Кумановско-Осоговската епархија, во 7:30 часот ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а во 9 часот е закажана светата божествена литургија и вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски.

Вчера со почеток во 18 часот беше отслужена воскресна вечерна богослужба со парастос за блаженоупокоениот игумен Јоаким Крчовски.