Каналите во Венеција речиси пресушија
Венеција, каде што поплавите обично се голем проблем, деновиве се соочува со ниско ниво на водата како резултат на невообичаено ниската плима, но и намалените врнежи од снег на Алпите. Ниското ниво на водата го оневозможува движењето на гондолите по некои од најпознатите венециски канали.
Ваквата состојба ги загрижува екологистите и научниците кои стравуваат дека Италија би можела да се соочи со нова суша по вонредната состојба од минатото лето. Минатиот јули италија прогласи вонредна состојба во областите околу реката По, која обезбедува околу една третина од водата потребна за наводнување на земјоделско обработливото земјиште во земјата и ја претрпи најголемата суша во последните 70 години.