Канадската Влада забрани продажба на 1.500 видови на оружје
Foto

Канадската Влада забрани продажба на 1.500 видови на оружје

Канадската Влада забрани продажба и употреба на 1.500 видови на воено оружје, изјави премиерот Џастин Трудо.

– Од сега во Канада веќе не е дозволено да се продава, купува, превезува, увезува или да се користи воено оружје. Тоа оружје е произведено само со една цел: да убие што е можно поголем број, колку е можно побрзо. Од него нема корист и не му е место меѓу нас, истакна Трудо на прес-конференција во Отава.

Одлуката е донесена набрзо по најголемиот масакр во канадската историја, кога на 18 април се убиени 22 лица во покраината Нова Шкотска.

Канаѓаните кои веќе имат законска сопственост на едно од забранетите оружја ќе имаат двогодишна амнестија да ги испочитуваат новите прописи.

Министерот за правда Давид Ламети појасни дека ќе им биде формално забрането да го користат ова оружје, а воедно и да го продаваат.

0 Коментари

Остави коментари