Канада и Финска ќе се борат за златото во хокеј на мраз
Foto

Канада и Финска ќе се борат за златото во хокеј на мраз

Канада 87. пат, Финска 74. се пласираа во финалето на Светските првенства во хокеј на мраз. 

Изненадувањето на денот го приредија Финците, совладувајќи ја Русија, која беше единствената непоразена репрезентација на Мундијалот досега. Доволен беше само еден гол и тоа на девет и пол минути до крајот, а стрелец беше Антила. 

Канаѓаните не дозволија ништо непредвидено, па убедливо ја решија Чешка во своето полуфинале, со 5-1. Стоун го отвори резултатот во првата третина, по втората беше 3-0 со погодоците на Нурс и Дибуа. Турис и Шабот ги постигнаа четвртиот и петтиот гол, а Зохорна беше единствен стрелец за Чешка. 

Утревечер, во Братислава, во финалето од 20 часот и 15 минути, Канада ќе го брка 73. злато, Финска 66.

 

0 Коментари

Остави коментари