Кампањата непочната, партиите во кампања - победа најавуваат сите
Foto

Кампањата непочната, партиите во кампања - победа најавуваат сите

Иако и официјално кампањата се уште не е почната партиите и денеска со меѓусебни пораки и обвинувања. Каква кампања може да се очекува  до изборниот ден. Мицкоски денеска на средба со коалициските партнери се пофали дека едногласно ја добил поддршката од нив но и  ги прецизираа идните чекори. СДСМ пак со своите коалициски партнери и Беса велат не планираат  големи митинзи и собири се со цел заштитат граѓаните.

Од ДУИ пак денеска со порака до партиите од македонскиот политички блок да се воздржат од било каков говор на омраза и да ја прифатат како што наведуваат во соопштението демократската реалност во трката за премиер албанец.

„Првиот премиер албанец ќе биде премиер на еднаквоста, премиер на сите, на развојот и на американското партнество и ќе ги преставува интересите на секој граѓанин на најдоследен можен начин. Ние ги повикуваме македонските партии да се воздржат од говорот на омраза и да ја прифатат демократската трка за премиер на нашата земја.“ - велат од ДУИ.

Од Алијансата за албанците и Алтернатива пак веќе го поздравија постигнатиот договор за датум за избори, но и со порака до ДУИ.' - велат од Алијансата за албанците.

„На 15 јули албанците ќе отворат ново поглавје во креирањето политики, оставајќи го зад себе владеењето на ДУИ, која честопати не успеа да го претставува имиџот и интересот на нивните гласачи и на албанците воопшто. Сега е време да се изгради нов политички легитимитет, заснован на нашата политичка програма и платформа.

Дел од помалите партии пак денеска со обвинувања на сметка на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Од коалицијата Никогаш северна само Македонија велат дека Заев и Мицкоски ја погазиле институцијата претседател на државата .

Од Граѓанската демократска унија ГДУ пак на  најавите на ДУИ дека е време за првиот албански премиер во Македонија, велат дека тоа ќе биде одлука на сите граѓани во Македонија и ги повикуваат гражаните да гласаат за нив .

Офицвијалната кампања почнува од 24 јуни и ќе трае до 12 јули на полноќ кога и почнува изборниот молк.

0 Коментари

Остави коментари