Кампања против употребата за пиротехнички средства за новогодишните празници

„Среќна и безбедна 2020 година во семејно и пријателско дружење“ е кампањата што ја започнаа секторот за превенција на СВР Скопје во соработка со Црвениот крст со цел да се подигне свеста за последиците од користењето на пиротехничките средства.

Надлежните упатуваат апел до родителите да работат со своите деца и да им укажат на последиците од користењето на пиротехничките средства.