Кампања на ЕУ и Советот на Европа против ширењето на говорот на омраза

„Блокирај ја омразата сподели љубов“ е заедничка кампања на Европската Унија и Советот на Европа која е создадена за да биде подигната свеста за опасностите поврзани со ширењето на говорот на омраза најчесто на интернет но и во секојдневниот живот. 

- Спортот ги соединува лугето, да бидат здрави, среќни, исто така ја подобрува меѓусебната комуникација кај младите. Овој настан се организира за промоција на демократските вредности и борба против говорот на омраза. - изјави Лејла Дерлишагиќ раководителка на програмска канцеларија на Совет на Европа во Скопје. 

Кампањата е од информативен карактер за тоа што е говор на омраза и промоција на алатки и пренесување на пораки кои беа испишувани од младите на пано за борба против говорот на омразата.  

- Многу сум среќен што сум овде денес да ја претставувам делегацијата на Европската унија овде во Скопје заедно со децата на овој фудбалски турнир, со цел да се претстави програмата на ЕУ за борбата против говорот на омраза преку спортот, говорот на омраза не е  добредојден во ниеден спорт. - изјави Штефан Худолин шеф за соработка во делегација на ЕУ.

Почетокот на оваа кампања започна  да се спроведува низ Западен Балкан во 2020, а за прв пат во Скопје се организира декември минатата година. Говорот на омраза може неретко за де забележи и за време на спортски натпревари на кои се слушаат навредливи скандирања од трибините.

Поповски во име Фудбалската Федерација на Македонија ги охрабрува сите спортски навивачи да избегнуваат дискриминаторски, расистички и нетолерантни пароли на и надвор од спортските терени, вклучувајќи ги и совијалните медиуми, преку различни активности и кампањи да се блокира омразата и споделува љубов.