Камерниот оркестар на Битола одржа концерт во чест на Тоше
Foto

Камерниот оркестар на Битола одржа концерт во чест на Тоше

Камерниот оркестар на Битола кој работи под покровителство на НУ Центар за култура, синоќа изведе целовечерен концерт, поддржан од Министерството за култура, посветен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески.

Членовите на камерниот оркестар и естрадните ѕвезди Елена Ристеска, Елена Петреска, Димитар Андоновски, Ѓоко Танески, Антонија Гиговска, Тамара Стојковска, Наде Талевска, Ана Гаштарова и Бојан Стојков пееја „За секогаш во срцата“, а публиката со долготраен аплауз го поздравуваше секој настап.

Битолската публика и музичките ѕвезди едногласно ги пееја познатите „Тајно моја“, „Чија си“, „Соба за тага“, „Громови на душа“ и други познати песни на Тоше, а во преполнетата сала на НУ Центар за култура се слушнаа и други песни од македонската музичка сцена.

Заради големиот интерес, вечер во Битолскиот Центар за култура, камерниот оркестар ќе одржи уште еден концерт.

0 Коментари

Остави коментари