Kамерите на „Сејф сити“ ќе казнуваат од јануари

Видеокамерите што ќе бидат поставени на улиците во Скопје ќе почнат да изрекуваат казни за сообраќајни прекршоци на почетокот на идната година, најавуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Надлежните соопштуваат дека проектот „Сејф сити“, кој има цел да ги зголеми сообраќајниот ред и безбедност, ќе помогне во намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди.

Најавени се и законски измени што ќе овозможат автоматско казнување, без потреба од човечка интервенција при одлучување за прекршокот.

Камерата ќе го евидентира прекршокот, а казната ќе биде изречена без можност за укинување. При тестирањето на системот во јуни за два часа беа забележани околу пет илјади прекршоци. Најавите се дека проектот ќе биде целосно имплементиран до крајот на идната година.