Камчев спроведен до суд да сведочи за „Меѓународен сојуз“
Во скопскиот Кривичен суд продолжи судењето за предметот „Меѓународен сојуз“.
Во судницата е и бизнисменот Орце Камчев кој беше спроведен од притворското одделение во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Камчев на судењето е во улога на сведок, а покрај него, сведок на денешното рочиште ќе биде и Агапи Дика.
Во овој случај обвинети се Бојан Јовановски, Миле Јовановски, Фросина Ременски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.