КАМЧЕВ НЕМА ДА ДОБИЕ ВРЕМЕН ПАСОШ
Бизнисменот Орце Камчев нема да добие нов времен пасош, иако за него понуди гаранција од 2 милиони евра. Кривичен суд му го одби барањето. Судијата на претходна постапка по добиеното негативно мислење од надлежниот јавен Обвинител, не даде согласност за издавање. Камчев е еден од осомничените во истрагата за случајот „Империја“, која ја отвори СЈО.