Камчев излегува од затворот во Струга

Бизнисменот Јордан Камчев од 6 ноември и официјално е на слобода а информацијата ја  потврдија и од Струшкиот затвор.

Од две години, колку што имал  за одлежување поради спојување на казната за двата предмети Империја и Плацеви на Водно има можност истата од 24 месеци да се намали на 20, а во казната влегуваат и оние 14 месеци од куќниот притвор но и притворот поминат во затворот во Шуто Оризари. Камчев еден месец помилување  добил и од директорот на струшкиот затворот  пак вкупно поминал 4 месеци. 

Ова доаѓа откако во самата судска процедура Камчев имаше побарано за двата предмети  Империја и Плацеви на Водно да му се спои казната која ја одслужуваше. ТВ 24 контактираше и дел од неговиот адвокатски тим но од таму ниту ја потврдија ниту негираа веста. 

Камчев во април годинава во „Плацови на Водно“ беше осуден на една година затвор од Основниот кривичен суд Скопје. За казната не се жалел до скопска  Апелација со што таа станала правосилна.

Во тој период тој призна вина и се спогоди и во случајот „Империја“. Спогодбата беше една година затвор и преку неговите фирми да уплати 5,2 милиони евра во УЈП односно државниот буџет.

Додека чекаше упатен акт за во затвор за оваа казна, тој ја смени адресата од Скопје во Охрид со што надлежен за издржување на санкцијата стана охридскиот суд кој му издаде упатен акт за КПД Струга, каде инаку затворениците имаат право да одат на работа и да се враќаат во затворот попладне, како и да користат викенд, годишен одмор.