Камбовски и Лимани дадоа свечена изјава како нови членови на Судскиот совет

 Денеска, во Охридската сала на Собранието, Исамедин Лимани и Александар Камбовски, членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка, Цветанка Иванова.

Никој да не се меша во судската власт, порачаа денеска новите членови на Судскиот советЛимани и Камбовски не одговорија што мислат за предлогот за распуштање на Судскиот совет.

- Отсекогаш сум верувал во независност, во транспаретност, отчетност, одговорност, борба против корупција. Се надевам дека тие мои убедувања ќе бидат третирани во советот, изјави Камбовски.

Прашан што мисли за распуштање на Советот, Камбовски рече дека нема што да мисли сега, бидејќи треба да се разгледаат новите предлози, а засега не ги знае.

- Секогаш е убаво судството да е независно. Тоа е една од властите во државата. Како што се независни другите власти, треба и судството да биде независно и само да решава за своите потреби, додаде Камбовски.