Каматата тече, натегањата со банките се уште траат – како ќе се пласираат парите од Унгарија
Речиси сите банки прифатија да учествуваат во делењето унгарски кредити за домашните компании, вели денеска премиерот Христијан Мицкоски, запрашан дали освен една, имало и други банки заинтересирани за овој проект. Сите се воодушевени од условите од кредитот, само шефот на опозицијата не вели Мицкоски, кој му порача на Филипче да си си смени советниците.
Според него, каматата од 1,95 проценти која ќе ја плаќаат компаниите за земен кредит, не само што е историска, туку е и најниска во Европа. Лидерот на СДСМ Венко Вилипче синоќа го демантираше ова.
Премиерот уште еднаш ги повтори условите под кои компаниите ќе можат да земат кредит. Максималниот износ е 10 милиони евра, во кои влегува и 20 проценти сопствено учество, три години грејс период, во кој ќе се плаќа само каматата, а рокот на враќање ќе биде до 15 години. Ќе се кредитираат основни средства, обновливи извори на енергија и административни згради за сопствена употреба. Но додека трае натегањето со банките околу условите, каматата кон Унгарија за земениот кредит тече, а парите се уште не се стигнати таму каде што се наменети. Унгарскиот кредит е тежок 500 милиони евра. Половина пари ќе одат за општинински проекти, а половина за кредити кон фирмите.