Калин Ивановски успешно го отвори турнирот во Франција

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа го отвори учеството на ИТФ Челинџерот во Поитие во Франција. Тој го победи чешкиот тенисер Метју Доналд со 2:0 во сетови (6:2, 6:4) и обезбеди место во осминафиналето.

Во следното коло Ивановски за противник ќе го има Французинот Александре Реко кој со 2:1 во сетови го совлада Русинот Вилажанин.

ИТФ турнирот во Поитие се игра за награден фонд од 15.000 долари.