Калин Ивановски со победа отвори во Тулуз

Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжува да реди победи во 2023 година.

Денеска со 2-0 во сетови го победи францускиот тенисер Пол Инчауспе и се пласира во осминафиналето на ИТФ турнирот во Тулуз, Франција.

Нашиот тенисер може да се каже рутински до доби дуелот, првиот сет го доби со 6-2, а вториот со 6-4 и со тоа избори место понатаму.

Во наредната рунда Ивановски ќе игра со подобриот од Наполитано (Италија) и Венделкен (Британија).