Калајџиев: Првичните сигнали кои власта ги испраќа за реформа на судството не се баш добри

"Не е решение Судскиот совет да биде распуштен. Првичните сигнали кои власт ги испраќа за  рефора на судството не се баш добри", дециден е универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

Калајџиев во вечерашното гостување во Трилинг вели дека вистинскиот проблем се оние членови кои се делегирани од парламентот и претседателот, бидејќи тие се партиски послушници. Наместо експерти што ќе ја гарантираат независност на судството, додавајќи дека се сомнева дека власта имам јасен концепт, но додава дека ако има искрена намера судството да го ослободи од политики од бизнис влијанија, мора на дело да покаже дека не се меша во правосудниот систем.