Каква храна јадеме а каква треба да јадеме?

Традиционалната македонска храна е меѓу најпосакуваното на менито, пинџур, макало, чварки но и ребра пропратени со алкохол, велат од еден од попознатите скопски ресторано.Посочуваат дека гостите се почесто бараат традиционално готвена храна избегнувајќи ги кебапите, шарските плескавици, похованата храна но сепак и тоа не е изоставен дел од менито. Додаваат дека, тој што стекнал навика за здрава храна знае што да побара од менито. 

Граѓаните се љубители на традиционалтата трпеза, но помладите генерации се почесто зборуваат за здрави навики во исхраната. Во маркетите, веќе се достапни најразлични видови на здрави семиња, нискомаслено млеко и павлака, интегрални видови на леб. Дали овие навики за поинаков начин на исхрана по правило значат дека треба да имаме и подлабок џеб?

Геврекот како најевтин производ е најпосакуван а потоа бурекот со чашка јогурт велат дел од пекарите кои ги посетивме и поразговаравме.Пецивата влегуваат во групата на висококалорична храна за која се препорачува контролирано внесување и во краен случај откажување. Што велат граѓаните за своите навики за исхрана.

Дали во рестораните и кафаните граѓаните може да си дозволат здрава храна, угостителите се едногласни да, прилагодувајќи ги цените на стандардот на граѓаните.

Според експертите, решението во промената на навиките за исхрана е и во личната одлука на секој човек но и едукација дека може висококалоричниот бурек да биде заменет со исто така калоричен оброк кој нема да наштети на здравјето.

Правилната исхрана, според експертите, онаква каква што ја застапуваат нутриционистите се темели на научни сознанија и нејзина цел и е да овозможи подолг, поздрав и поквалитетен живот на секој поединец, но и посочуваат дека не секој светски тренд треба по секоја цена да се следи.