Каква храна јадеме?
Производите кои се на домашните рафтови по маркетите но и тие кои се по пазарите се безбедни, а се што е небезбедно или е вратен во земјата од каде што потекнува или завршил на депонија, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Сепак апелираат до граѓаните да внимаваат бидејќи поради грешки на операторите во маркетите може да се најдат производи со истечен рок.
Според директорот, инспекторите, засега околу 180, совесно ја вршат работата, а сите мерки во однос на безбедноста на храната што важат во ЕУ, се применуваат и кај нас.Сепак од АХВ велат дека имаат потреба од уште околу четириесеттина инспектори.
Од почетокот на годинава до АХВ се поднесени 79 иницијативи од граѓани за вршење инспекциски надзор, од кои 32 се однесувале на безбедноста на храната. Граѓаните се пожалиле на купување храна со поминат рок на употреба, храна подготвена и послужена во нехигиенски услови.