Каков кабинет ќе крои Владата и дали опозицијата ќе креира амбиент за предвремени избори?

На овој народ никогаш не му е доста од сензационализам, политички драми и лажни дојави за тероризам - сето тоа во увертирата на она што со децении го чекаме, нормална држава.

Можна ли е сегашната криза да изроди конечно со нешто добро - почетокот на преговорите со Унијата и стабилност во фунционирањето на системот. Во ек на корона и енергетска криза, нешто што на сите ни е потребно.

Низ сите овие прашања се провлекуваат неколку подтеми - каде ќе биде местото и улогата на Зоран Заев - во или надвор од Владата, во или надвор од партијата. Каков кабинет ќе се крои и дали опозицијата, сега веќе власт на локално ниво, ќе седи мирна или ќе креира амбиент за предвремени избори.

Имер Селмани, екс-министер за здравство, Самоил Малчевски од ВМРО-ДПМНЕ, Jани Макрадули, долгогодишен пратеник и член на СДСМ, сега директор на Македонски пошти.