Како заложник на пироманот Апасиев, Мицкоски сака да ја украде иднината на младите
- Иднина на младите е во ЕУ и секој што со своите дејствија го попречува европскиот пат работи директно против подобра иднина на младите македонски генерации. Христијан Мицкоски денеска уште еднаш потврди дека е слаб, дека нема став ниту визија и целосно е во заложништво на Левица и Димитар Апасиев. Опасниот популизам одвнатре, анти европската и пироманска реторика на Левица и Апасиев стануваат се посилни а Мицкоски го имаат земено во целосно заложништво. Мицкоски не го бара она што е добро за младите, не го бара она што е добро за иднината на државата, тој само гледа како да не заостане зад Апасиев. - реагираа од СДСМ.