Како законот за легализизација на дивоградби доведе до апсурдни ситуации?

Легaлизација на дивоградби - да. Амнестија на урбанистики криминал-– не. Спакуван првиот аманадман со кој се бара укинување на член 41 од законот за легализација на дивоградби. На терен - сосптвеници на фабрики, трговски центри, деловни објекти, куќи се подготвуваат да ги легализираат градбите кои бесправно - спротивно на законот ги изградиле измнатите години. 

Бројни примери за големи објекти изградени на диво има ширум земјава. Еден од нив е и Трговскиот центар  во Штип. Со години треше битката на сопственици на деловен простор  во оваа естетски доминантна зграда, да докажат дека таа содржи надградба и доградба која  е дивоградба. 

„Со донесувањето на законот за легализација се предвидува легализирање на објекти со намена Б2 како што е трговскиот центар во Штип. Имено, овде сите знаете дека станува збор за дивоградба - решенијата се донесени во месец февруари, 2021 година, и до денес градоначалникот на општина Штип не ги доставуваше до Агенција за катастар на недвижности а со тоа сега на инвеститорите на дивоградбата којашто се наоѓа во трговскиот центар во Штип ќе им биде овозможена легализација на нивниот деловен простор.“ - вели адвокатот Љупчо Докузов.

Иако институционално, битката за штипскиот трговски центар е извојувана-решенијата по кои треба да се постапи седат во фиока. Наместо постапување по нив, односно уривање на деловите кои се дивоградба и понесување на одговорност - сега овој објект, со вака предложениот закон моѓе да дочека легализација. Побаравме став од актуелниот градоначалник, Сашко Николов, за овој случај. 

„Добар ден, градоначалниче. Од ТВ 24 сме, ви пишавме и смс порака - ве бараме по однос на случувањата со ТЦ, веќе сте добиле и извршни решенија од страна на второстепена комисија - зошто не сте постапиле до сега?

Јас не сум информиран за одлуката на второстепената комисија бидејќи сега сите страни и обвинетите и оние бранителите се ставени во ситуација да се жалат пред Управен суд. Значи ние мораме да ја почекаме одлуката на Управен суд со цел да можеме да реагираме.

Знаете дека се работи за надградба - доградба која всушност е дивоградба?

Да, да во тек сум. Значи самиот трговски центар којшто е во општина Штип направен е еден, како да го кажам, отстапка во сите закони на градежништвото и урбанизмот, бидејќи додека е граден од страна на општина Штип се дадени сите документи за градење. Од кога е изграден е прогласен за дивоградба. Тоа е одлука на второстепена комисија во Министерство за траснпорт и врски. Прв објект во државата, кадешто откако е изграден, со сите дозволи станува бесправен објект. И ова е пак ќе кажам парадокс во урбанизмот.

Ние ќе видиме како ќе течат постапките, имаме засегнати страни од едната и од друга страна. Ние веќе разговараме со двете страни коишто се затекнати во самиот трговски центар, имаме страна која што тужи и страна која што се брани и општината како неутрален субјект којшто треба да постапи според она што го бараат од страна на нас, и ќе чекаме управната постапка да заврши а после тоа ќе делуваме соодветно законот како што дозволува. “ - вели градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов.

Од општината се упативме кон населбата Дузлачки рид, за која Штипјани велат дека важи плодна почва на дивоградби. Со дел од граѓаните со кои попатно поразговаравме сметаат дека законот за нив е добредојден бидејќи ќе им овозможи дивоградбите да си ги легализираат.

„Најскапи плацеви се во Дузлакот. Има тука над нас има. Нека се легализираат и тие, и тие се душа и тие се луѓе. Вложиле материјал - нека се легализира - немаме против ништо.“

„Да сакам, зошто да не - и двор сакам да си имам, да си го направам дворот - да си ставам порта, да си ставам тоа е друго ништо не сакам.“

„Секако дека законот за легализација на дивоградби е добар и е приспособен за секого којшто живее во дивоградба, посебно оваа населба кадешто сега се наоѓаме е повеќе застапена со дивоградби. Законот сега што е, би бил добредојден за целото население на оваа дивоградба.“

На територијата на општина Штип се регистрирани околу 3 800 дивоградби. И другите општини во земјава се соочуват со ваков проблем. Илјадници пријавени бесправно изградени објекти. 

Според власта, законот за легализација на дивоградби треба да донесе решенија за околу 50.000 дивоградби. Но, сепак јавноста, експертите па дури и претседателот Пендаровски предочи дека законот ссе коси со уставните темели - се суспендира правната држава. Се праќа порака дека државата поддржува бесправно градење. 

Една од клучните проблематични точки е амнестијата - односно, запирање на сите судски и управни постапки кои се водат против актерите во велегалното градење - што значи отсуство на одговорност.