Како во борбата против лажни вести?

Мерките на Владата од акцискиот план за борба против дезинформации, според медиумските организации и здруженија, се обид за цензура и ограничување на слободата на говор. Тие повикуваат на целосна вклученост на засегнатите страни. Во меѓувреме, на распит за напишани текстови се повикуваат новинари.

Обид за цензура и за ограничување на слободата на говор претставува најавениот акциски план на Владата за борба против ширењето дезинформации, коментираат од медиумските организации и здруженија во однос на мерките кои се однесуваат, пред се, на работата на новинарите.

На оваа тема во 24 анализа со Мишко Иванов зборуваа луѓе од медиумските области според кои на социјалните мрежи најмногу е присутен говорот на омраза, но и дека има луѓе од политиката кои креираат и пласираат лажни вести.

Според Владимир Петревски, уредник за проверка на факти „Метаморфосиз“, лажните вести ги има повеќе во страничните медиуми и тие како проверувачи на факти се соочуваат со големи проблеми токму во овие области каде манипулацијата е најприсутна.

Затоа во „Метаморфозис“ работиме на повеќе проекти каде што работиме на проверка на факти на различни начини. Ние не го употребуваме терминот лажна вест, зошто е многу злоупотребен, го користиме терминот дезинформација. Проверуваме и дезинформации за Македонија во регионот и ги проверуваме фактите и кажуваме кои не се точни. Имаме и ситуации пратеници да шират говор на омраза и повик на насилство. Политичарите се исто тие кои увидоа дека дезинформациите може да поминат неказнето. Ние имаме медиуми кои се создадени со цел е ширање на дезинформации и манипулации и тоа е системски проблем. Тој медиум е создаден да ја доведе една партија на власт.“ - вели Петревски.

Според новинарот Вики Чадиковска, дезинформациите се од времето на Информбирото кога преку пропаганда се обидуваме да испереме јавно мислење за остварување на одредена цел, што е и главна цел на лажните вести.

„Дезинформацијата не се новина и тоа е продукт на технологијата. тие постоеле одсекогаш. технологијата само ги рашири. Кај нас не се познава разликата меѓу податок и информација. Затоа редакциите мораат да работат на истражување на податоците, а некогаш и несвесно се случува да пласираме лажната вест. Медиумите се четвртиот столб на демократијата и мора да се провери секој податок пред да се пласира. Публиката често и не чита, го чита само насловот и добива впечаток дека стигнале до веста, а текстот да нема врска со насловот или фотографијата. Пласирањето на гол податок не е информација, тоа е само шпекулација.“ - вели Чадиковска.

Споре Дејан Георгиевски, центар за развој на медиуми, на интернет новинарите не се веќе единствениот играч на јавна комуникација и ја немаат монополската улога на одлучување на таа комуникација. Некои од новинарите се со задача со цел политичка или економска пропаганда.

„Друга е опасноста. Како што одат работите имаме наплив на популизми, од левата или десната страна. Мора да се биде страшно внимателен во регулаторниот пристап. Потребна е едукација. Како да ја промени човековата природа, тоа е малку потешко прашање. Праксата е да се удри на дистрибуцијата, сега се врши притисок на фејсбук и гугл како главни дистрибутери. Политичките партии велат, И ние е направиме свој тим, а гласачите се позбунети и довербата во јавното информирање е опадната. проблемот е што ние пречесто го ставаме акцентот што граѓаните траба да направат. Тоа е радикално отстапување од стандардите.“ - вели Георгиевски.