Како се одвива рехабилитацијата на повредените од Кочани на Пониква

Пониква за десетина степени пониска температура од урбаните средини, длабоки сенки, свеж воздух - идеални услови за рехабилитација на пациенти со изгореници и белодробни нарушувања.

Повредените се сместени во одморалиштето на МВР. Тука веќе осми ден престојува првата група на пациенти каде стручен лекарски тим се грижи за повредените. Рехабилитација, ресоцијализација, но и психолошката поддршка е секојдневието на повредените.

Како се одвива лекарската грижа и колку се задоволни пациентите од условите - со скриен идентитет за ТВ 24 ни раскажа еден од повредените од дискотеката Пулс каде се здобил со потешки изгоренции на рацете и дел од грбот.

Изјавата ја даде пред одморалиштето. Снимањето внатре во објектот како што ни образложија од раководството на болницата - поради сензитивноста на целиот случај не е дозволено.