Како превенција од пожари во планина со дозвола и поврзување на ЦУК со ДЗС
За подобра координација - Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи - ќе се спојуваат во една институција, во планина на лето ќе може да се движите само со дозвола.
Ова се само дел од мерките кои според владата треба превентивно да делуваат во заштита од шумските пожари - кои изминативе години ги соголеа македонските шуми. Премиерот Мицкоски најави и враќање во функција на воздихопловите за гаснење на пожари кои минатата година беа гаражирани - а целокупниот систем за интервенција без протокол и со недоволна координација.
Минатата година беа евидентирани 126 шумски пожари кои пеплосаа близу 100 000 хектари површина - или речиси 4 % од вкупната територија на Македонија. Според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари како дел од програмата Коперник, лани изгорела поголема шумска површина споредбено со претходните десет години заедно.
Над 40 % од македонската територија е под шуми. Но, голем дел од неа се деградира, како резултат на дрвокрадци, но и пожари кои буквално ги голтаат македонските планински предели.

